ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на реализација на Тиранската Платформа

Криминогеното раководство на СДСМ  и аболицираниот криминалец Зоран Заев не можат да тргуваат со највисоките национални и државни интереси само за да се спасат и да не одговараат за криминалите што ги сториле.

Со самото прифаќање на против уставната Тиранската Платформа во целост ја втурнаа Република Македонија во процес на федерализација.

Нивното прифаќање на Тиранската Платформа беше потврдено и од нивниот пратеник Мухамед Зекири кој јавно и јасно пред еден од претставниците на ДУИ кажа  дека СДСМ како партија се согласува со сите точки од платформата.

ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на реализација на Тиранската Платформа и затоа не постигна договор за формирање на Влада, бидејќи никогаш нема да дозволи државата да ги изгуби атрибутите на унитарна и мултиетничка држава.

Народот на Република Македонија го прочита аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата партија. Затоа секој ден стотици илјади граѓани по улиците  низ градовите му порачуваат дека нема да му ја прифатат Тиранската Платформа и Влада што има намера да ја формира и со која ќе ја воведе иднината на Македонија во прашање.

За иднината на Република Македонија, за атрибутите на унитарна и мултиетничка држава, ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се одржат нови парламентарни избори, бидејќи гласот на граѓаните мора да се слушне. Доколку аболицираниот криминалец Зоран Заев смета дека треба да се прифати и реализира Тиранската Платформа, нека ја претстави во својата изборна програма, и граѓаните нека се изјаснат што мислат за неа.

Во спротивно револтот кај граѓаните секој ден се повеќе ќе расне.

Народот е на нозе! Македонија се буди!

 

 Тиранската Платформа не поминува!

 

 

 

25.03.2017 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега