Пукање во Скопје

Пукање  ги разбуди утрово  граѓаните во Скопје. Според информациите на МВР, утрово околу 03.45 часот во Скопје, на ул. „Антон Попов“, од страна на непознат/и сторител,  од возило во движење,  со автоматско оружје било пукано кон куќата сопственост на 21-годишниот А.И. Во моментот во куќата бил сопственикот, неговата мајка и неговата сестра. Од пукањето оштетена е фасадата на куќата, а повредени лица нема. Во дворот и на улицата пронајдени се повеќе од десет чаури.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

25.03.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега