Детали за сообраќајката во Скопје - повреден сопственикот на едно од најпознатите скопски кафулиња

Вчера  во 18.24 часот во полициската станица во Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Св.Климент Охридски“ и ул. „Димитрија Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Шкода Јети“, сопственост на МВР на Р.М., управувано од полициски службеник од ПС ОН Чаир  и мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш. (35) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му бил извршен оперативен зафат и се наоѓа во критична состојба. Полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и истиот бил задржан во Ургентниот центар.

По наредба на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

 

 

 

25.03.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега