Тинејџер во бесознание итно пренесен на скопските клиники

 Шесенаесетгодишно момче од гостиварското село  Неготино, полошко, претрпело силен струен удар и паднало во бессознание по обидот да ја затвори вратата од 110 киловолтната трафостаница на излезот од селото на споредниот пат кон Дебреше, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, шеснаесетгодишникот заедно со две други лица биле на местото кај трафостаницата кога забележале дека металната врата од објектот е отворена, а од внатре се слушала силна бучава.

- Тој се обидел со двете раце да ја затвори вратата, но доживеал силен струен удар и паднал во бессознание по што бил пренесен во Гостиварската болница од каде бил препратен на скопските клиники. Полицијата работи на утврдување на сите околности, како и видот, карактерот и тежината на повредите, рече Јосифовски.

 

 

 

25.03.2017 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега