Трагедија во Ресен- Сечејќи дрво паднал и починал

Вчера околу 13.10 часот во Полициската станица во Ресен било пријавено дека во село Долно Перово дошло до несреќен случај во кој Р.Т. (36) од Ресен починал.

Р.Т. сечел на дрва, односно додека стоел на гранка и сечел друга гранка во еден момент гранката се скршила и го потиснала за стеблото, по што починал.

Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Ресен.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.

 

 

 

26.03.2017 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега