Голема кражба во Битола

 

Вчера во 10 и 30 часот во секторот за внатрешни работи во Битола, Л.М. (45) од село Доленци, а со живеалиште во Р.Германија, пријавил дека во периодот од 10.00 часот на 24.03.2017 до 10.00 часот на 25.03.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан на улица  „Михајло Андоновски“ во Битола.

Сторителот со употреба на подесен предмет ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршеното пребарување одзел 14.200 евра, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

26.03.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега