Каменуван уште еден воз овојпат во Куманово

Вчера  во 17 и 20 часот од страна на непознати лица извршено е каменување на патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Табановце.

Каменувањето е извршено на влезниот сигнал на железничката станица Куманово кај село Черкези, при што е искршено едно прозорско стакло од врата, а напукнати се и две стакла од вагон.

Повредени лица нема.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

26.03.2017 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега