Се превртеле и запалиле - малолетничка од Прилеп загина во несреќа во Австралија

Млада прилепчанка загина во страшна сообраќајна несреќа во Австралија. Како што денеска пишува Канал5, се работи за 17 годишната Тамара Јорданоски која со семејството се преселила таму пред три години.

17-годишната Тамара, во саботата вечерта заедно со нејзиното момче Џовани Санторо загинаа во страшна сообраќајна незгода во близина на Порт Ботани во Сиднеј, кога со нивното БМВ, удриле во бандера, се превртеле и запалиле.

Очевидци тврделе дека возилото се движело со поголема брзина од 100 км/ч.

 

 
 

 

 

27.03.2017 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега