На „Ало докторе“ во изминатите седум дена имало 1.196 јавувања.

Вкупно 145.832 повика се регистрирани на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември 2014 година, кога е отворена. 

Линијата 02/15123 е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. Во изминатите седум  дена имало 1.196 јавувања.

На повиците одговараат 25 доктори, а јавувањата се најчесто за совети поврзани со  променливото време, хронични заболувања, респираторни, кардиоваскуларни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, сезонски настинки и симптомна болка.

 

 

 

27.03.2017 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега