Куманово: Ги врзале со кабел и им приредиле хорор

39-годишниот О.М. од Куманово и 47-годишниот Б.К.од Рашче вчера одзеле 10.000 денари, два мобилни телефона и возило „Рено сеник“ од викендичка во Зубовце, откако претходно ги врзале нејзиниот сопственик З.С. (52) од Куманово и неговиот пријател В.Д. (65) со електричен кабел.

Според МВР, О.М. насилно, заканувајќи се со пиштол, на З.С. и В.Д. најпрво им наредил да влезат внатре каде што веќе бил Б.К. По ова, ги врзале со кабел, извршиле пребарување и кражба.

СВР Куманово поднесе кривична пријава двајцата разбојници поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”. 

 

 

 

27.03.2017 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега