Дрога најдена кај меѓуградската автобуска станица во Тетово

Килограм ипол непозната тревкаста материја фрлена во близина на меѓуградската автобуска станица во Тетово пронашла утринава тетовската полиција. 

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека утрово околу 8 часот во близина на високонапонскиот трансформатор кај автобуската станица прво се пронајдени две најлонски пакувања со марихуана завиткани со кафеава селотејп лента, а на оддалеченост од околу педесет метри уште едно такво пакување. Секоја од кесите имало тежина од по околу петстотини грама.

- Трите пакувања се фотодокуменирани и ќе се вештачи нивната содржина, а по извршениот увид се преземаат мерки и активности за утврдување на тоа кој и кога ги оставил, односно за кого биле наменети пакувањата, изјави Јосифовски.

Според полициската статистика, во текот на минатата година имало 68 откриени и пријавени кривични дела на подрачјето на СВР Тетово поврзани со недозволена трговија и производство на дрога. Во нив вкупно биле опфатени 77 сторители за кои била поднесени 61 кривична пријава. При овие полициски активности во текот на 2016 година во полошко биле пронајдени и одземени над 192 килограми марихуана, 55 грама хероин и помали количини други наркотични средства. Во Тетово и тетовско, вкупниот број на регистрирани наркозависници изнесува 489 од кои 40-тина лани се новорегистрирани. Во најголем број станува збор за машки лица од кои најмладите се на возраст од 15 до 16 години, а највозрасниот е на 60 години. 

 

 

 

27.03.2017 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега