Двајца прилепчани лишени од слобода поради поседување на сомнителна материја

Двајца прилепчани се лишени од слобода во Кавадарци бидејќи кај нив е пронајдена сомнителна растителна материја.

Од СВР Велес информираат дека во петокот во 2 часот по полноќ при рутинска контрола во патнички автомобил „југо" со прилепски таблички пронајдена е најлонска кеса со околу еден килограм сува растителна материја. Возилото било управувано од Ф.Џ. (31) од прилепското село Житоше, а покрај него во возилото бил и Р.А. (31).

На двете лица им е одреден триесетдневен притвор, а започната е постапка за утврдување на видот на понајдената растителна материја.

 

 

 

27.03.2017 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега