Страшна несреќа во Скопје: Мотоциклист тешко повреден

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно осум сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три се повредени три лица, а во четири е причинета материјална штета.

Полицијата вчера санкционирала поголем број прекршоци кај пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на возачите во зона на крстосница, тројца биле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, осум не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон, а седум возачи биле без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило. Затекнати се и 57 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 59 возила. 

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците во второ одделение во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода.

Вечер со почеток во 18 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одигра меѓународен пријателски фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Белорусија. Со цел непречено одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.

 

 

 

28.03.2017 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега