Лашкоска: СДСМ треба да одговори кој дел од химната размислувале да го менуваат

На денешната седница на Собранието на Република Македонија пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска ги запраша пратениците на СДСМ, дали веќе размислувале кој дел ќе го одземат, а кој дел ќе го додадат на македонската химна.

-Колегите од СДСМ затоа што вчера повикуваа, надвор од оваа сала на
дебата ќе се вклучат во дебата по оваа точка и конечно можеби на
говорница ќе ни кажат на пример, како избраниците на народот, како што
некој нивни челници изјавија на пример тие поддржуваат геноцид над
партизаните. Кога веќе велат дека треба да се дебатира за македонската
химна дали веќе размислувале што ќе извадат што ќе додадат во
македонста химна. Дали повторно ќе дозовлат да го негираат името и
делото на првиот Претседател на Македонската државата М.А Ченто, праша
Лашкоска.

На крајот таа истака дека има многу прашања, а нема ниту еден одговор.
Односно СДСМ не чувствуваат одговорност дадат одговор на ниту едно
прашање пред граѓаните.

 

 

 

28.03.2017 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега