ВМРО-ДПМНЕ: Проопозициските медиуми прават очаен дефокус за да ги избегнат темите поврзани со Тиранската Платформа која СДСМ ја прифати

Проопозициските медиуми прават очаен дефокус, кој се надополнува со нервозата на СДСМ обидувајќи се да ги избегнат темите суштински важни за граѓаните, а врзани со Тиранската Платформа која СДСМ ја прифати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Малта, Европската Народна Партија истовремено има и конгрес и самит.

На самитот се поканети шефови на држави и влади на партиите кои се дел од семејството на ЕПП и во тој сегмент свое учество ќе земе и премиерот Емил Димитриев.

Во делот на Конгресот учестуваат партиски делегации и партиски функционери на партиите кои се дел од ЕПП, каде учество ќе земе и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски придружуван од партиска делегација.

Очигледно на СДСМ и смета меѓународниот активизам, каде меѓу другото на високо европско ниво се преставуваат државните и национални интереси на Република Македонија.

Во рамки на Конгресот предвидено е Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и партиската делегација да оствари повеќе средби со политичари од Европската Унија.

 

 

 

28.03.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега