Димовски до СДСМ: Извадете го пред јавноста Законот за јазиците што го криете со ДУИ

На денешното продолжение на Конститутивната седница на Собранието на која што се расправа за Комисијата за прашања за изборите и именувањата, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара од СДСМ да го извадат Законот за јазици пред македонската јавност.

Имено, Димовски напомена дека доколку треба да се избере Талат Џафери како нов претседател на Собранието предложен од СДСМ и ДУИ, мора македонската јавност да знае што СДСМ прифатил со Законот за јазиците и дали тоа што законот се крие е впрочем пазарот што го направи Зоран Заев со ДУИ за да ги добие потписите.

Димовски исто така додаде дека сите функционери од ДУИ и од другите албански партии потврдија дека Зоран Заев и СДСМ ја прифатиле во целост Тиранската платформа.

 

 

 

28.03.2017 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега