Александрова: Претседателот на Собранието мора да ја гарантира унитарноста на државата, а не да поддржува туѓи платформи

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова, во Собранието на Република Македонија порача дека Претседателот на Собранието на Република Македонија мора да биде од редовите на победничката партија и тоа би значело почитување на вољата на граѓаните.

Александрова исто така посочи дека новиот претседател на Собранието мора да ја гарантира унитарноста на државата, а не да поддржува платворми креирани во други држави.

-         

Улогата на пратениците и политичките партии е да ги реализираат програмите со кои се претставиле пред граѓаните на изборите, а не да креираат пост изборни платформи, рече Александрова.

 

Имено, Александрова која што доаѓа од Берово порача дека граѓаните на Берово не сакаат и не гледаат никаква потреба за двојазичност во својот град.

 

 

 

28.03.2017 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа