30- ти ден: Над 150.000 граѓани и денеска достоинствено маршираа низ цела Македонија, покажуваат сила и мудрост (ФОТО)

Над 30 градови и поголем број на села маршираат секојдневно со иста цел, зачувување на унитарноста на Република Македонија. Веќе 30-ти ден граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ одржува протести во Скопје, Охрид, Струмица, Куманово, Кичево, Неготино, Кавадарци, Крива Паланка…., како и поголем број на села. Над 150 илјади граѓани и денеска маршираа за зачувување  на унитарноста и отфрлање на Тиранската платформа.

Триесетти ден граѓаните мирно и достоинствено покажуваат сила и мудрост, но и испраќаат пораки за зачувување на македонската држава, јазик, знаме, химна,…На политичарите, пак, им порачуваат јасно и недвосмислено да ја отфрлат Тиранската платформа, а пратениците во законодавниот дом да не дозволат да се изгласа претседател на Собранието кој нема да ја отфрли платформата која е составена и потпишана во соседна земја, а со крајна цел распарчување на Република Македонија и промена на нејзиното име.

iljad

– Денес сме тука уште еднаш да им порачаме дека граѓаните секој ден на повеќе од 40 места излегуваат се помасовно на улиците за да ја одбранат унитарноста на Република Македонија која е загрозена. Нема да дозволиме тиранска платформа да биде официјална програма на влада, истакна Богдан Илиевски еден од иницијаторите на протестите.

Борис Дамовски посочи дека пратениците се прочитани одамна.

narods

 

– Прочитани се пратениците одамна: Откажете се од тиранската платформа. Се изнавикавме, ги наброивме, апелиравме, рече Борис Дамовски.

zzm sk8

Актерот Ванчо Петрушевски на денешниот протестен марш кој се одржува 30-ти ден, исто така, побара јасно откажување од тиранската платформа и додаде дека секој ден ќе бидат се побројни во борбата против таа платформа.

сссссс

 

– За оваа Македонија, унитарна Македонија, животите ги давале пред 100 години, пред 60 години и пред 17 години. Овде има плоча на која се испишани имињата на храбрите синови кои загинаа во 2001 година. Затоа ние секојдневно излегуваме овде и велиме дека Македонија само таква, унитарна и единствена, ја сакаме и во таква Македонија сакаме да живееме, истакна Петрушевски кој се обрати пред зградата на Собранието.

Покрај во Скопје, денеска се маршираше и во други трисеттина градови и повеќе села, каде вкупно над 150.000 граѓани повторно побараа целосно отфрлање на Тиранската платформа зачувување на унитарноста на Македонија.

БИТОЛА

bitola

bitola-3
bitola-1

 

ШТИП

stip

 

КУМАНОВО

kumanovo-1

kumanovo

СТРУМИЦА

strumiva-1

strumicva-2

БОГДАНЦИ

bogdanci-3-640x360

ВЕЛЕС

veles-1

veles

СВЕТИ НИКОЛЕ

sveti-nikole-2

sveri-nikole-1

sveri-nikole

КИЧЕВО

kicevos

kicevo-3

kicevo-2

kicevo-1

ВИНИЦА

vinica-1

 

 

 

 

28.03.2017 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега