Дамовски: Во воздухот за време на протестите има чувство на радост, на верба, припадност, победа

Борис Дамовски еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ истакна дека за време на протестните маршеви се чувствува радост.

– Во воздухот има чувство на радост, на верба, припадност, победа. Кога почнавме не веруваме дека ќе биде во оволкава мера и дека толку луѓе ќе има. Мислевме дека ќе има стотина луѓе, но оваа бројка ги надминува сите очекувања, радости, надежи. Без луѓето кои секојдневно се на патеката на државноста немаше да има 30 дена протести. Луѓето веруваат дека присуството ќе подобри нешто. Нивното присуство, бројност и сплотеност ги води кон иста цел, вели Дамовски.

 

 

 

28.03.2017 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега