Илиевски: Собранието мора да ги земе во предвид 200.000 луѓе, не смее да избере претседател на Собрание кој нема да ја отфрли платформата

Никој веќе не зборува за програмата на партиите кои ги имаа пред избори, туку за платформа која е донесена постизборно, народот се чувствува измамен, кажа во гостувањето во Јади Бурек, Богдан Илиевски кој е еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Собранието мора да ги земе во предвид 200.000-те луѓе, како на пример да земе предвид дека не смее да се избере претседател на Собрание кој нема да ја отфрли тиранската платформа. Три и пол месеци после изборите никој не зборува за економска програма, економски просперитет, ние збориме за отворање на дебатата за името, за грбот, за химната, затоа што некој не го чувствувал знамето како свое, изјави Илиевски.

 

 

 

28.03.2017 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега