Веќе еден месец протести на „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА": Македонија е на нозе

Над 30 градови и поголем број на села маршираат секојдневно со иста цел, зачувување на унитарноста на Република Македонија. Вчера 30-ти ден граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ оддржа протести во Скопје, Охрид, Струмица, Куманово, Кичево, Неготино, Кавадарци, Крива Паланка…., како и поголем број на села. Над 150 илјади граѓани и вчера маршираа за зачувување  на унитарноста и отфрлање на Тиранската платформа.

Триесетти ден граѓаните мирно и достоинствено покажуваат сила и мудрост, но и испраќаат пораки за зачувување на македонската држава, јазик, знаме, химна,…На политичарите, пак, им порачуваат јасно и недвосмислено да ја отфрлат Тиранската платформа, а пратениците во законодавниот дом да не дозволат да се изгласа претседател на Собранието кој нема да ја отфрли платформата која е составена и потпишана во соседна земја, а со крајна цел распарчување на Република Македонија и промена на нејзиното име.

– Денес сме тука уште еднаш да им порачаме дека граѓаните секој ден на повеќе од 40 места излегуваат се помасовно на улиците за да ја одбранат унитарноста на Република Македонија која е загрозена. Нема да дозволиме тиранска платформа да биде официјална програма на влада, истакна вчера Богдан Илиевски еден од иницијаторите на протестите.

Борис Дамовски посочи дека пратениците се прочитани одамна.

– Прочитани се пратениците одамна: Откажете се од тиранската платформа. Се изнавикавме, ги наброивме, апелиравме, рече Борис Дамовски.

 

 

 

29.03.2017 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега