СДСМ со план да ја скрати дебатата во Собранието и да го остави без Комисија за избори и именувања

Комисијата за избори и именувања воопшто да не се гласа и директно да се премине на точката за избор на Претседател на Собранието, а предлогот за него да дојде од 20 пратеници. Ваков бил планот на СДСМ за да се прескокне расправата во законодавниот дом.

Од Бихаќка брифираат дека идејата била комисијата воопшто да не биде изгласана, односно, мнозинството на СДСМ, ДУИ и партијата на Села да гласаат против или воздражно, со што ова важно собраниско тело кое треба да го даде предлогот за избор на Претседател на Собранието воопшто да не биде формирано и да не постои. Извори од СДСМ потврдуваат дека се кроеле планови како да се прескокне дебатата во Собранието бидејќи и Заев но и останатите функционери од раководството на СДСМ биле свесни дека кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат оставени да зборуваат на говорницата, ќе излезат многу детали за платформата на Еди Рама што катастрофално се одразува на рејтингот на социјалдемократите. Планот уште пред неколку дена го навести Шеќеринска која преку медиумите се закани дека СДСМ може да го искористи парламентарното мнозинство и Димовски да биде сменет од претседателската позиција „Бидејќи ВМРО ДПМНЕ така се поставува и ние како парламентарно мнозинство така ќе се поставиме во иднина. Сега од Трајко Велјановски зависи дали ќе го закаже продолжението на конститутивната седница или не . Утре парламентарното мнозинство може ќе одлучи дека некои комисии ќе имаат и нов состав. Можеби ќе се случи Илија Димовски да го следи примерот на Оливер Андонов, тој беше министер за внатрешни со најкус мандат, може Димовски сака да му се приближи со рекорд“…изјави Радмила Шекеринска . Дебатата во Собранието продолжува и денеска. На ред чекаат педесетина пратеници кои се пријавија за збор по точката за составот на Комисијата за избори и именувања. По исцрпувањето на листата, ќе се премине на гласање, по што, Комисијата ќе треба да ги разгледа сите кандидатури за Претседател на Собранието и да им предложи кандидати на пратениците.

 

 

 

29.03.2017 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега