Премиерот на средба со домаќинот на ЕПП и Претседател на Националната партија на Малта

Предводникот на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со премиерот Емил Димитриев учествуваат на Конгресот на Европската народна партија и на Самитот на европските десничарски партии,  што се одржува во Малта.

Никола Груевски денеска оствари средба со домаќинот на ЕПП и Претседателот на Националната партија на Малта Симон Бусутил, а претсходно денеска Груевски оствари разговор со претседателот на Демократската партија на Словенија и поранешен премиер на Република Словенија.

View image on TwitterView image on Twitter

Средба со домаќинот на @EPP и Претседател на Националната партија на Малта @SimonBusuttil

 

Инаку Груевски вчера имаше средба со Тобијас Зек, кој е член на германскиот Парламент, член на Советот на Европа, потпретседател на ЕПП во Советот на Европа и член на партијата ЦСУ од Германија. Како што информираат од партијата тој него го запознал со политичката состојба во која се наоѓа нашата земја.

gruevski

На конгресот на ЕПП во Малта ќе присуствуваат над 2.000 илјади учесници, вклучително и 760 делегати кои се партиски функционери на партиите членки на Европската народна партија, високи дипломатски гости, 12 шефови на влади и држави од и надвор од Европската Унија.

 

Во Малта се очекува да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија Марио Рахој, премиерката на Норвешка Ерна Солберг, ирскиот премиер Енда Кени, унгарскиот премиер Виктор Орбан, претседателот на ЕПП Жозеф Дол, како и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и претседателот на ЕУ, Доналд Туск.

 

 

 

29.03.2017 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега