Илиоски: „Ги измамивте граѓаните со тоа што не им кажавте дека ќе воведувате двојазични банкноти, униформи и ќе менувате знаме, химна и грб“

Пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, во својот говор пред пратениците, денес посочи дека Комисијата за прашања на изборите и именувањата е најважна комисија во Собранието на Република Македонија. Тој во својот говор нагласи дека оваа комисија со своите одлуки во иднина треба да дава насоки за функционирањето на Собранието.

Токму затоа Илиоски посочи дека за да се формира комисијата мора предходно да се разјаснат сите прашања односно сите постизборни конструкции кои што имаат за цел редефинирање и и воведување на двојазичност.

Во својот говор Илиоски потсети дека граѓаните на Република Македонија на последните парламентарни избори не гласаа за никакви платформи, двојазични банкноти, униформи менување на химната, знамето, воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија и се друго што содржи Тиранската платформа.

 

 

 

29.03.2017 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега