СОС: „Позади тиранската платформа стојат Рама, Заев и Џорџ Сорос, албанските партии се само маша преку кои се спроведува планот на Рама и Сорос“

Никулецот на политичката криза во Р. Македонија е во незаконското прислушување. Постојат сериозни индиции дека зад него стојат Еди Рама, Италијанецот Матео Ренци и Зоран Заев под капата на Џорџ Сорос, информираа денеска на прес конференција од граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“.

-Ваквата конекција ја потврди и поранешниот претседател на Врховниот суд на Албанија, Крешник Спахиу, кој јавно изјави дека Еди Рама погрешно изиграл со Заев кој бил директно финансиран од Сорос и дека е познато дека Сорос го финансирал прислушувањето во Македонија, истакна Никола Србов еден од основачите на СОС.

Според  „Стоп Операција Сорос “ планот за незаконското прислушување бил креиран во Рим, а времето кога е направен коинцидира со престојот на Зоран Верушевски во Рим  каде во македонската амбасада бил одговорен за соработката со  безбедносните служи на Италија.

-Според италијанскиот закон, во Италија прислушување за потребите на државата вршат неколку приватни компании кои имаат склучено соработка со италијанските власти. Од целиот континент, само во Италија опрема за следење на комуникациите може да купат и правни субјекти со специјална дозвола од италијанската влада. Индициите водат кон тоа дека Џорџ Сорос ја финансирал целата операција , од набавка на опремата до креирање на снимките, рече Србов.

Тој посочи дека врската помеѓу Сорос и прислушувањето во Македонија ја зацврстува и  Споменка Лазаревска, сопруга на второосомничениот во „Пуч“ Звонко  Лазаревски .

Од СОС велат дека истите луѓе кои стоеле позади прислушувањето сега стојат и позади „Тиранската платформа“.

-Позади тиранската платформа стојат Еди Рама, Зоран Заев и Џорџ Сорос, додека албанските партии се само маша преку кои се спроведува планот на Сорос во Македонија. Крајната цел е уривање на унитарноста на Р. Македонија и создавање на бинационална држава која де факто претставува федерација, рече Србов.

ОД СОС велат дека и СЈО е дел од соросовите инсталации во Македонија кое има за цел да ги амнестира сите актери кои ја создадоа кризата, а да ги дисциплинира сите неистомисленици.

Тие ги потсетија македонските институции да покренат истрага за улогата на „Фондацијата отворено општество“ и да испитаат каква е нејзината улога во државата.

 

 

 

29.03.2017 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега