Скопјанец брутално тепан со палки среде кафуле

Вчера вечерта, 24-годишниот К.С. бил нападнат од 8 непознати лица, додека седел во едно од скопските кафулиња.

Додека истиот седел во локалот, влегле лицата и со употреба на палки и други предмети го нападнале, при што му нанеле телесни повреди. На излегување од кафе барот лицата го скршиле стаклото од влезната врата и превртеле неколку маси на кои седеле други гости. К.С. со возило бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Во врска со настанот во Полициска станица приведени се три лице и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

29.03.2017 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега