Граѓаните со порака за поддршка до претседателот: Ја повторуваме силната поддршка да не подлегне под притисоците

Граѓаните веќе 31 ден се на улиците низ градовите низ целата држава. Тие во Скопје секој ден поминуваат покрај народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, која лани по насилните протести беше затворена, а како што кажа еден од главните органозатори Богдан Илиевски, само неколку по почетокот на овие протести, таа повторно е отворена за граѓаните.

-„Триесет и еден ден доаѓаме пред оваа канцеларија, првиот ден беше затворена, беше споменик на минатогодишните настани, на насилните демолирања, на рушењето, на крадењето и на палењето. Неколку дена од почетокот на нашите протести, оваа наша канцеларија беше повторно отворена за народот на Република Македонија. Благодарни сме за тоа и за цврстиот став на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го позадравуваме. Ја повторуваме нашата поддршка да истрае во својот принципиелен став, да не подлегне под притисоците. За таа цел денеска симболично ќе му оставиме уште еден поклон, колаж цртежи направени за време на викендов од најмладите поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“, изјави Илиевски

 

 

 

29.03.2017 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега