Ренџов: „Македонскиот народ е излезен од библијата и ако треба таму ќе се врати, а со тоа овој народ пак ќе е вечен“

Писателот Михаил Ренџов иако вечерва поради оправдани причини не беше присутен пред Собранието на Република Македонија испрати послание до сите присутни ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Послание или черемен запис:

-„Македонија и Македонците во овој свет на агресија и жестока омраза и уривање посебно од најблиското опркружување, пак ќе победат, како што победувале во минатото. Ќе прашате со што? Со човекољубието, со божјата даровитост, со љуботвта, Македонцот не знае да мрази и убива, со добрината на срцето и душата, со митското трпение и упорноста, тоа се основните состојки за неговото битие. Македонецот го убивале, го прогонувале, го опожарувале, го раселувале, раселувале, го ослепувале, му го корнеле јазикот, а тој повторно прогледувал, прозборувал и повторно упорно градел и садел. Македонците низ историјата и сега вака си ја кажуваат историјата се разбира со песна, не офкаме, туку пееме, со песната тагата ја совладуваме, со трпението надмудруваме, со орото оживуваме, а со смртта победуваме.“- стои во дел од писанието што го прочита пред присутните во чест на Ренџов, Игор Дурловски.

Тој исто така рече дека ние сме излезени од библијата и ако треба повторно ќе се вратиме во неа, а со тоа пак ќе сме во вечноста.

 

 

 

29.03.2017 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега