Зафировски: „Не смееме да дозволиме оваа држава да ја водат политичари кои го негираат нејзиниот идентитет и јазик“

Територијата на Македонија отсекогаш имала политички и територијален идентитет, изразен уште во антиката преку монетите на македонските и пајонските кралеви, изјави археологот од Археолошкиот музеј, Трајан Зафировски пред граѓаните собрани пред Собранието.

-„Етничката припадност на еден народ отсекогаш била дефинирана преку територијата и јазикот на кој тој народ говорел, гледано од овој апсект јазикот го претставува најбитниот елемент за државност, лепакот со кој една група на луѓе се дефинира како народ. Нашата татковината Македонија отсекогаш имала своја засебност и унитарност дури и кога била плен на угнетувачи, тирани и  освојувачи. Територијата на Македонија отсекогаш имала политички и територијален идентитет, изразен уште во антиката преку монетите на македонските и пајонските кралеви, на тие монети стари повеќе од 2000 години се наоѓаат симболи кои и ден денеска ни се свети, еден од нив е сонцето од Кутлеш. Дури и кога оваа територија подпаднала под Римјаните, на монетите продолжиле да се претставуваат истите симболи пропратени со натпис на кој што чисто стои Македоно.“- изјави Зафировски.

Тој потенцира дека идентитетот на овој народ не бил избришан дури и кога други кралства владееле со оваа територија.

Срамно е кога ќе се слушне дека и по 500 години копнеење по држава, се уште има луѓе кои кажуваат дека патриотизмот не ни личи, дека ни е тешко од македонштината, дека ни е потребно да ја свиткаме кичмата, срамно е да се даде таква изјава, знаејќи што нашите предци дале за да имаме држава. Не смееме да дозволиме оваа држава да ја водат политичари кои го негираат нејзиниот идентитет и  јазик, политичари кои што изјавуваат дека пред 100 години не сме постоеле, изјави Зафировски.

 

 

 

29.03.2017 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега