Илиевски: „Утре да излеземе најмасовно и да покажеме дека оваа земја има синови и ќерки кои ќе ја бранат!“

Единствениот начин како ќе не слушнат е да бидеме секој ден тука во се поголем и поголем број, утре е многу важно да дојдеме тука и да докажеме дека оваа земја има луѓе има синови и ќерќи кои што ќе ја бранат унитарноста на оваа земја. Оваа земја има народ со исправена кичма, народ со исправено чело, народ кои ја сака каква што е, а не таква каква што сакаат некои да ја направат со разни подметувања и лаги, изјави денеска пред Собранието на Република Македонија, Богдан Илиевски.

-„Затоа е многу важно тој народ, народот ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, народот за мултиетничко општество, а не за бинационална, федерална држава, утре во 17:00 часот пред Владата да бидеме сите до еден и да маршираме до собранието. Има многу такви кои мислат дека можат да не излажат, но вистината навистина е како шило, денес и од самиот Зијадин Села ја слушнавме платформата за која не убедуваат дека не постои и би сакале да не убедат и нас дека не постоиме како што тоа до сега го правеа, затоа утре ќе се собереме во најголем број.“ порача Илиевски.

 

 

 

29.03.2017 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега