ФОТО:Протестен марш во Неготино

Протестен марш и вечерва се одржа во Неготино, каде пред присутните говореше професорот Стефчо Шарац.

Тој рече дека на овие мирни граѓански протести се изразува загриженоста за Република Македонија, поради наметнување туѓа платформа изработена во туѓа држава. Платформа, која како што додаде, содржи одредби кои ги загрозуваат националните вредности на државата и одредби спротивно на Уставот на државата.

– „Претседателот Ѓорѓе Иванов има уставно право и обврска и има дадено заклетва да го штити Уставот и националните интереси на граѓаните на Република Македонија и ние го поддржуваме во тоа.“- нагласи меѓу другото Шарац.

negotino-1

 

 

 

29.03.2017 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега