Галерија од 31-от ден од протестите:Утре излегуваме најмасовно, да покажеме дека оваа држава има нaрод!

Во Скопје денеска сеодржа 31-виот протестен марш што го организира иницијативата „За заедничка Македонија“. Маршот почна од пред Владата, продолжи пред Народната канцеларијата на Претседателот на РМ се до Собранието на РМ каде беше побарано целосно отфрлање на тиранската платформа со која, сметаат, се нарушува унитарноста на Македонија.

– „Граѓаните веќе 31. ден се на улиците по градовите низ целата држава. Тие во Скопје секој ден поминуваат покрај Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, која првиот ден беше затворена и беше споменик на минатогодишните настани, на насилните демолирања, на рушењето, на крадењето и на палењето. Неколку дена од почетокот на нашите протести, оваа наша канцеларија беше повторно отворена за народот на Република Македонија. Благодарни сме за тоа и за цврстиот став на претседателот Иванов, кој го позадравуваме. Ја повторуваме нашата поддршка да истрае во својот принципиелен став, да не подлегне под притисоците.“- рече Богдан Илиевски од иницијативата.

naroddd

Тој додаде дека за таа цел денеска симболично ќе му остават уште еден подарок, колаж цртежи направени за време на викендов од најмладите поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ уште еднаш повтори дека граѓаните се најзаслужни што се’ уште во Македонија нема, како што рече,  тиранска влада и претседател на Собраниот, кој не се откажал од платформата.

narod-3333

– „Затоа што не’ има, се’ уште нема тиранска влада во Македонија, затоа што не’ има и денеска нема претседател на Собранието, кој не се откажал од тиранска платформа, а затоа што ќе не’ има, победите на заедничка Македонија ќе продолжат. Излеговме на улица и не си одиме, тоа им е јасно на сите. Затоа и денеска на 40 локации, над 100 илјади Македонци гордо, храбро, одважно велат не за двојазична и бинационална држава. Бараме отфрлање на тиранската платформа и од тоа не се откажуваме.“- порача Илиевски.

Поддршка вечерва пристигна од поетот Михаил Ренџов кој не беше присутен пред Собранието, но неговата порака ја прочита пред присутните Игор Дурловски.

mn-narod-5

– „Македонија и Македонците во овој свет на агресија и жестока омраза и уривање посебно од најблиското опркружување, пак ќе победат, како што победувале во минатото, порача тој и додаде дека  Македонците низ историјата и сега вака си ја кажуваат историјата, се разбира со песна. – Не офкаме, туку пееме. Со песната тагата ја совладуваме. Со трпението надмудруваме. Со орото оживуваме, а со смртта победуваме.“-стои во пораката на Ренџов.

mn-narod-3

Трајан Зафировски, археолог од Археолошкиот музеј до присутните порача дека територијата на Македонија отсекогаш имала политички и територијален идентитет, изразен уште во антиката преку монетите на македонските и пајонските кралеви.

– „Етничката припадност на еден народ отсекогаш била дефинирана преку територијата и јазикот на кој тој народ говорел. Гледано од овој апсект јазикот го претставува најбитниот елемент за државност, лепакот со кој една група на луѓе се дефинира како народ. Нашата татковината Македонија отсекогаш имала своја засебност и унитарност дури и кога била плен на угнетувачи, тирани и освојувач.“- истакна Зафировски.

mn-narod-4

Тој потенцира дека идентитетот на овој народ не бил избришан дури и кога други кралства владееле со оваа територија.

Илиевски од протестот ги повика граѓаните и утре во најголем број да излезат на улиците, за нивниот глас, како што вели, да го слушне цела Европа.

 

mn-narod

 

11

 

10

 

9

 

8

 

7

 

6

 

5

 

4

 

3

 

2с

1с

 

 

 

29.03.2017 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега