Канческа-Милевска: „Изнесување постизборна платформа од друга држава е државен удар“

-„Сето ова што го направи СДСМ е еден вид државен удар на сопствената држава. Има една изрека: „На лагата ѝ се кратки нозете“. Тоа и го гледаме сега во парламентот денеска што се случи, кога се исчита целата платформа.“- изјави членот на извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Канческа-Милевска.

Канческа-Милевска вели дека не може после избори да се изнесува документ со кој се руши суверенитетот и интегритетот на државата.

-„Не можете вие да одите на избори и после избори да изнесувате еден документ, платформа којашто е донесена во друга држава, со којашто платформа се руши суверенитетот и интегритетот на сопствената држава и сопствените граѓани. Тоа е државен удар, просто и едноставно кажано.“- рече Канческа-Милевска.

 

 

 

29.03.2017 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега