Страшна железничка несреќа во Македонија: Итно го однеле на КАРИЛ
Вчера,на железничката пруга Скопје – Кичево, на див премин во близина на улицата „Качанички пат“, се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќаал на релација Скопје-Кичево, а со кој управувал 54-годишниот машиновозач Д.М. од Скопје, ивозило„Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот скопјанец С.Е.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот на патничкото возило и 27-годишниот сопатникот С.А., од селото Мојанце, кој по укажаната лекарска помош ГОБ „8-ми Септември“, поради сериозноста на повредата е препратен и задржан на КАРИЛ при Клинички центар „Мајка Тереза“.
Железничкиот сообраќај е нормализиран во 21 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа