Уапсени две лица од охридско поради кражба на дрва

Вчера, околу 17.00 часот, во близина на изворот Свети Наум кај м.в. „Војтино“, од страна на локални полицајци и Шумска Полиција, биле забележани две непознати лица кои вршат кривично дело „кражба на дрва“ со моторна пила и два коњи за товарање на дрвата. Едно од лицата е фатено и лишено од слобода, додека другото лице се дало во бегство. Моторната пила, коњите и околу два кубни метри дрва се обезбедени и  фотографирани од страна на Крим-техника од СВР Охрид.  Истите ќе бидат подигнати од страна на НП „Галичица“. Од извршените проверки било констатирано дека прведеното лице е 49-годишниот Х.К. од с. Аларуп – Поградец, Р.Албанија.

Полицијата ги презема потребните мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

29.03.2017 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега