АЛФИТЕ спречија тешка кражба во Скопје

Секторот за Внатрешни Работи во  Скопје поднесе кривична пријава против А.В. (24), К.Ј. (18) и еден шеснаесетгодишник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 27.01.2017 година во Скопје во автосервис на ул. „Александар Македонски“ пријавените извршиле тешка кражба, одземајќи поголема количина на професионален работен алат во вредност од околу 448.500 денари,  а откако сакале стоката да ја натоварат во комбе, биле  спречени во намерата од страна на полициски службеници од единицата АЛФА.

 

 

 

30.03.2017 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега