Инцидент во македонска црква

Штета од околу 2.000 денари претрпела црквата „Света Петка“ во тетовското село Туденце откако засега непознати сторители скршиле две прозорски стакла со димензии 40 х 50 сантиметри, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Инцидентот се случил вчеравечер околу 21 часот и 30 минути.

- Според досегашниот тек од преземената истрага, непосредно пред да се случи оштетувањето во близина на црквата било забележано патничко возило со тетовски регистерски таблици, во кое се наоѓале четири до пет  лица и кое набрзо се упатило кон Копанце. При полицискиот увид биле фотодокументирани оштетувањата и се работи на откривање на идентитетот на можните сторители и расветлување на сите поединости поврзани со овој случај, рече Јосифовски. 

 

 

 

30.03.2017 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега