Мукоски: ДУИ ги даде потписите на СДСМ затоа што ја прифатија Тиранската платформа - ВМРО-ДПМНЕ ја одби

Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ во обраќање до Радмила Шекеринска и соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ ја одбило Тиранската платформа и дека тоа било причината што мандатот беше вратен. Мукоски замоли Шекеринска да престане да ја замајува јавноста што ВМРО-ДПМНЕ прифатиле што не, бидејќи потписите ги доби СДСМ и СДСМ е должно да и објасни на јавноста што се прифатиле со Тиранската платформа.

Мукоски додаде дека прифаќајќи ја Тиранската платформа СДСМ ги продава државните и националните интереси, ја подгрева тензијата кај граѓаните и логично е граѓаните да реагираат.

 

Тој исто така нагласи дека еднаш СДСМ ја излажале јавноста со името, вторпат со знамето и територијалната распределба, ама дека трет пат нема да им успее.

 

 

 

30.03.2017 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа