Илиевски: 32. пат порачуваме, црвено-жолтата линија никој нема да ја помине

Верувале или не, по 32 пат се гледаме тука и судејќи според оваа прекрасна енергија и оваа огромна масовност на сите ни е јасно, и тука на улицата и во Собранието – дека црвено-жолтата линија никоја нема да помине, посочи на денешниот протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски кој е еден од организаторите.

-Бараа мандат за Тиранската платформа, не го добија. Сакаа да формираат влада базирана на Тиранската платформа не ја добија. Сакаа да изберат претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа, не го избраа ниту денеска. Сето ова е благодарение на сите вас и само ако продолжиме да бидеме масовно на улиците во цела Македонија победите ќе продолжат. Овој народ е доказ дека има и кој да ја сака и кој да ја брани Македонија. Ако некој мисли дека може под чергиче да сокрие тирански платформи да знае дека не само што ќе ги откриеме, туку под чергичето може да го најдеме и клучот за Собранието. Народот е сериозен и кажува НЕ за двојазична, НЕ за двонационална Македонија, НЕ за дебата за промена на знамето, химната, на државниот грб, истакна Илиевски.

Тој додава дека докажале дека знаат да бидат апсолутни тивки и присутни со цело срце, но знаат да бидат гласни и да си ја сочуваат државата.

 

 

 

30.03.2017 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега