Рангелова: Госпоѓо Шекеринска, плашете се да не ве осуди народот за предавници на својата држава

Даниела Рангелова во реплика на Радмила Шекеринска на денешната седница на Собранието на Република Македонија истакна дека не се плашат на заплашувањата на опозицијаата, а дека СДСМ треба да внимава да не останат осудени од народот како предавници на својот народ.

-Госпоѓо Шекеринска треба да се соочите дека единственото нешто кое што се случува во моментов е дека се испишува некоја идна историја. И дека утре нема да се срамите со сите овие постапки, а и ние што ги правиме. И друго по ходниците не разговараат нашите колеги затоа што се срамат од своите постапки, по ходниците  вие нас ни се заканувате дека ќе сте ни објавеле приватни разговори, дека сте имале разговори за нас, јас ве повикувам уште денес да ги објавите нашите телефонски разговори и да кажете каде се приватните телефонски разговори, кај вашиот лидер или во СЈО ? Едно да знаете госпоѓо Шекеринска ниту се плашиме од објавување на приватни разговори, ниту се плашиме од затвор, јас само од едно нешто се плашам, да не ме осуди мојата нација да не бидам предавничка на нашата држава од тоа плашете се и вие, рече Рангелова.

 

 

 

30.03.2017 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега