Тони Михајловски: На улиците се случува народ

Актерот Тони Михајловски во вечерашното гостување во емисијата „Ѕид“ на Алфа телевизија истакна дека она што изминатиот месец се случува во Македонија е народ, народ кој има свое мислење.

-Се случува народ. Не велам дека другите не се дел од народот и тие имаат свое мислење, но се разликува од мислењето на повеќето. Македонскиот народ е освестен, има повеќе информации, се разбуди едно чувство на државност, припадност, сакање на сопствената земја. Патриотизмот е нешто исконско и тоа работи кај македонскиот народ и ќе ескалира повеќе при поголем напад на државата, вели Михајловски коментирајќи ги протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

 

 

 

30.03.2017 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега