Скопје вчера на нозе: „НЕ за тирански претседател на Собранието"

Како и секој ден веќе повеќе од еден месец, така и вчера, Македонија беше на нозе против тиранската платформа. Граѓаните порачуваат дека нема да дозволат Тирански претседател на Собрание, кој не се откажал од Платформата.

Над 50.000 скопјани вчера попладне излегоа на улиците и се приклучија на маршот на Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Улиците се преполни од Градската болница до Палома Бјанка.

Граѓаните порачуваат дека нема да дозволат Тирански претседател на Собрание, кој не се откажал од Платформата.

- Нема да им дозволиме и на оние качени на тиранската платформа, да бараат од нас да ја виткаме кичмата, ние кичмата не ја виткаме, прифатете го тоа, порача Богдан Илиевски, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред десетиците илјади граѓани собрани пред Собранието.

Борис Дамовски, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на граѓаните им порача дека ги чека борба и дека само вака сплотени и здружени таа борба може да се добие.

-Овие внатре, 120 ние ги пративме, ние ќе ги извадиме, тие внатре 32-ри ден, 132-от во слобода ќе биде, оваа тиранија, оваа лага веќе не живее тука, еве не, како и секој ден, знаеме што правиме, знаеме што бараме. Сплотете се бидете едно, наравете го најголемото оро, оро на слободата, почувствувајте го тој до себе, не чека борба, само вака сплотени и здружени ќе победиме, порача Дамовски.

Протестите продолжуваат и денеска.

 

 

 

31.03.2017 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега