Климовски: Платформата е предавничка - мандатот да се врати кај народот

Ова е импозантен собир, собир на демократијата на Република Македонија и истовремено ми даде можност со вас да го споделам чемерот што го носам по два основи, истакна пред присутните на денешниот протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ поранешниот претседател на Собранието, Саво Климовски.

-Прво како професор и шеф на Катедрата по Уставно право, половина од пратениците седат таму и не знам во кого е грешката во мене или во нив. Верувам дека погрешно ги научиле лекциите. Кога ова го велам, пред се мислам на навистина предавничкиот чин на дивото месо и на една крајно первертирана теза која нас ни се пласира како да сме крајно недоветни. Ние сме општество на мултинационален заеднички живот не само на Македонците и Албанците, кои пак сакаат да се наметнат како конститутивен народ, туку и на Србите, Бошњаците, Ромите, Власите и на сите други. Сега удрија по Уставот, удрија со такво кукавичко јајце кое што е класично измама и мора да расчистиме со тие велепредавници кои сето ова ни го подметнаа и кои сакаат да земат и држава и име и јазикот и знамето и сите обележја. Мислам дека тоа нема да помине и затоа јас сум охрабрен и дојдов тука да го видам овој бескраен ред на луѓе кои толку цивилизирано излегуваат и протестираат. Тоа е таква лекција по демократија што Европа не ја видела, потенцираше Климовски.

Професорот и поранешен претседател на законодавниот дом изрази мислење дека ќе успеат да победат во нивната борба.

-Од овој парламент нема поголем, затоа јас денес ќе ја отворам 32 седница на сенародниот парламент на Република Македонија. На дневен ред имаме само една точна, а тоа е отфрлање на однапред предавничката од друга земја изготвена и подметната, Тиранска платформа, рече Климовски.

Тој истакна дека пратениците треба да им го вратат мандатот на граѓаните и побара нови избори на кои граѓаните ќе одлучат дали сакаат платформа.

 

 

 

31.03.2017 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа