Тетовчани ограбиле Британски државјанин- му одзеле 80.000 денари

СВР Тетово-Полициска станица Гостивар поднесе кривична пријава против пет лица поради сомнение дека сториле две кривични дела „разбојништво“ и „противправно лишување од слобода“. Тие, според пријавата  пред десет дена ограбиле британски државјанин кој бил на пропатување со велосипед низ Македонија.

Со кривичната пријава се опфатени А.Б (33), М.С. (36), А.Х. (30) од гостиварското село Симница и уште две засега непознати лица (машко и женско ) и по нив се трага, информираат од СВР Тетово.

– Петте пријавени лица се сомничат дека на 21-ви овој месец, во попладневните часови, на паркинг на регионалниот пат Бунец-Маврови Анови ги извршиле овие дела над О.М.Џ (32) британски државјанин и притоа му причиниле штета од околу 80.000 денари. Тројцата осомничени кои се во бегство, од претходно им  се познати на службите поради нивната инволвираност во различни криминални активности, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

За време на расветувањето на овој случај, пронајдени се и одземени три возила, „голф“, „пасат“ и „поло“ и испратени на вештачење, а пронајдени се и украдениот велоспиед и дел од работите кои му биле одземени на Британецот.

 

 

 

31.03.2017 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега