„Се очекуваат провокации на денешните протести - пратете им љубов“

Денешниот триесет и трети ден од протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ќе започне во истото време на истото место – 17 часот пред Владата на РМ.

Еден од организаторите на граѓанската инизијатива, Борис Дамовски на својот Фејсбук профил објави информација дека за денес на протестите се очекуваат „провокации, закачки и слични шарени финти“.

Тој повика граѓаните да не подлегнат на провокациите и да возвратат со истата позитивна енергија со која 33 дена маршираат за татковината.

-Денес на протестите се очекуваат провокации, закачки и слични шарени финти. Исмејте ги, пратетете им љубов и разбирање – тоа повеќе ги боли- напиша Дамовски.

 

 

 

31.03.2017 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега