Без 10 годишното силно инвестирање земјоделството ќе беше многу назад

Мора да се истакнат политиките кои последниве години се водат во Република Македонија и тоа пред се по аспект по нивната обемност, нивната структуираност и од аспект на нивнооприлагодување со програмирањето како што е Европската унија. Република Македонија за прв пат во 2007-та година изработи веќе стратешки документ кои што соодејствува со останатите документи кои што ги прави Европската унија и тоа е стратегијата 2007/2013, а сега веќе имаме и нова стратегија 2014/2020, изјави за Курир Драги Димитриевски, декан на Земјоделскиот факултет во Скопје.

-По однос на овие стратешки документи се гледаат стварно сериозни политики во областа на земјоделството, пред се во буџетските трансфери кои што одат до земјоделците, а секоја година растат и стигнаа до 150 милиони и морам да кажам дека тоа е едно сериозно напредување во однос на претходните периоди, но и сериозно во однос на другите земји во регионот, кои што се држави кои имаат тенденција да ги усогласуваат политиките према она што се случува денеска во современите политики пред се во ЕУ, рече Димитриевски.

Овие политики имаат за цел да им помогнат на земјоделците да остварат соодветен доход со кои што би можеле да го подобрат животниот стандард, пред се како директните плаќања како субвенционирањето, но и средствата за програмите за рурален развој кои што достигнуваат значителни средства веќе се стабилизираат околу 30 проценти од вкупните буџетски средства или 150 милиони евра и околу 30 проценти да одат за подобрување на животот во руралните средини, потенцираше Димитриевски.

Тој истакна и дека овие субвенции во одредени сектори имаат силно влијание да не ги загубат тие производства, да не се загубат производните капацитети како што се лозарството, овоштарството, градинарството, тутунопроизводствотои веќе 30 проценти од она што го добиваат како вкупен прихот од продажба тие приходи се од субвенции.

-Мора да се истакне дека дел од субвенциите доцнат и често пати се полемизира дека државата или владата не ги исплаќа, тоа секаде е така и законски субвенциите од претходната година се исплаќаат до 30 јуни наредната година. Тука спаѓаат и одредените законски ограничувања како што се изборите, бидејќи за време на избори законски е забрането да се исплаќаат субвенции, но еве сега гледаме дека се прават напори за да почне исплатата на тие субвенции и верувам дека ќе се исплатат, но критериумите треба да ги исполнат и земјоделците. Македонското земјоделство без една ваква политика, без едно вакво 10 годишно силно инвестирање во земјоделството сигурно дека ќе беше некаде назад и сигурно дека некои потсектори би биле веќе напуштени и верувам дека ќе се продолжи со една ваква политика и поинтензивен пристап кон земјоделците, заклучи Димитриевски.

Професорот Владо Џабирски од Земјоделскиот факултет во Скопје за Курир вели дека Субвенциите кои се однесуваат на аграрот, последните 10 години значително учествуваат во приходот на фармерите, што се гледа и од самото производство.

Тој вели дека субвенциите се комплементарни со останатите политики во аграрот, и како што рече, сите тие заедно, учествуваат во политиките за поддршка на аграрот, издвојувајќи го проектот за рурален развој.

-Судејќи по податоците кои се достапни во делот на сточарскиот сектор имаме значително подобрување на производството, истакна Џабирски.

Тој посочи дека значително е зголемено вкупното производство на овчото млеко, како и дека свинското месо е значително зголемено.

-Иако статистиката укажува дека вкупниот бројот на приплодни овци не се менува, сепак бројот на приплодни овци е значително покачен за околу 30 до 40.000 приплодни овци во временскиот период откога се применети директните плаќања во сточарството, подвлече професорот Џабирски.

Објасни дека ова всушност укажува на стагнација, потенцирајќи дека според него е успех, со оглед на миграцијата на населението од село во град.

-Токму оваа поддршка на фармерите овозможува да опстанат земјоделските стопанства и да ја задржат бројната состојба и да овозможат некаков напредок, односно зголемено производство, истакна професорот.

Џабирски потенцира дека економските пресметки кои се извадени од државниот завод за статистика укажуваат на зголемување на земјоделското производство за 10 отсто, што според него, исто така може да се препише на субвенциите, односно, како што вели, на комплементарноста на политиките на директни плаќања во кои спаѓаат субвенциите и мерките кои се применуваат во руралниот развој.

 

 

 

31.03.2017 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега