Уживајте во убавиот сончев ден - еве какви ќе бидат утре температурите

Времето утре во Македонија ќе биде сончево, а во текот на денот во планинските подрачја ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Без позначителни промени ќе биде времето и во недела кога утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 19 до 25 степени.

Во недела кон крајот на денот почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и со почетокот, а и во текот на следната работна недела, времето ќе биде променливо облачно и посвежо со локални врнежи од дожд, а повремено и со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег. Дневната температура ќе бележи опаѓање, па така во понеделник се очекува да се движи од 14 до 20 степени, а најниска во вторник од 12 до 18 степени. 

 

 

 

31.03.2017 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега