Илиевски: Благодарение на секој од вас и денес не беше избран претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа
Граѓани за заедничка Македонија со гордост по 33-пат ве поздравуваме од пред Собранието. Објектот кој црвено-жолтата линија го обви, го чува и нема да дозволи во него да се случи ништо што ќе и наштети на иднината на Република Македонија, истакна од пред законодавниот дом Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-Благодарение на секој од вас немаме влада качена на Тиранската платформа, ниту денес не беше избран претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа и благодарение на секој еден од нас Република Македонија нема да биде двонационални и двојазична држава. Нема да биде држава поставена на патот на федерализација, ќе биде заедничка држава за сите нас, како што сме живееле до сега така ќе биде и во иднина, под сонцето за сите, јазикот на кој сите се разбираме и химната која сите ја пееме, вели Илиевски.
-Да не чујат сите 120 луѓе од внатре, да знаат кој ги поставил внатре и кој може да ги извади од внатре, да знаат дека не смеат да си играат со народот, народот е буден и нема страв ниту срам да се бори за она што го сака, додава Илиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа