Кичево со порака: Нема да дозволиме никој повеќе да го погази македонското достоинство

Во своето обраќање пред присутните Даме Силјаноски од Граѓанската иницијатива рече Македонија и Македониците во овој свет на агресија, жестока омраза и уривање посебно од најблиското опкружување повторно ќе победат, како што победувале и во минатото.
kicevo protest 3

– Мои сограѓани познатиот Михаил Ренџов рече Македонија и Македониците во овој свет на агресија и жестока омраза и уривање посебно од најблиското опкружување пак ќе победат како што победувале и во минатото. Ќе прашате со што? Со човеколубието, со Божјата даровитост, со љубовта. Македонецот не знае да мрази и убива со добрината на срцето и душата, со митското трпение и упорноста тоа се основните состојки за неговото битие. Македонецот го убивале, го прогонувале, го опожарувале, го раселувале, го ослепувале а тој повторно прогледувал и повторно упорно градел и садел. Македониците низ историјата и сега вака си ја кажуват историјата се разбира со песна, не лелекаме, туку пееме. Со песната тагата ја совладуваме, со трпението надмудруваме, со орото оживуваме, а со смрта победуваме, рече Силјаноски.

kicevo protest 2

Ние, како што истакна, сме излезени од Библијата и ако треба повторно ќе се вратиме во неа, а со тоа пак сме во вечноста.

– Нема да дозволиме никој повеќе да го погази македонското достоинство. Симболите на Македонија се симболи на нашето опстојување и никој нема право да се пазари со нив. Мирните и достоинствени протести ги продолжуваме и вечерва и ќе продолжиме се додека сите инволвирани страни не се откажат од платформи создадени во туѓи држави, истакна Силјаноски.

kicevo protest

Тој ги повика кичевци со достоинствен протестен марш, како што рече, да покажеме дека сме единствени и сплотени за заедничка Македонија

Според организаторот во текот на викендот протестите ќе мируват.

 

 

 

31.03.2017 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега