Неготино: Да се зачува македонскиот јазик и нашето битие

Протестен марш и вечерва се одржа во Неготино, пред присутните се обрати Никица Танчорова, апсолвент на применета политика и дипломатија.

– Денеска ова е наш повик. Повик да го зачуваме нашето постоење, нашиот јазик и нашето битие. Нашите потомци да се сеќаваат на македонски херои и македонски песни, да се запишеме во историјата како храбар народ кој ја сакал и зачувал својата земја, а не народ кој ја предал и продал. Затоа сме овде. Затоа 30 дена неуморно и трпеливо маршира Неготино, маршираат Скопје, Ресен, Охрид… маршира Македонија, рече таа.

Маршира, нагласи, оној дел од граѓанството кој заслужува поздрав и поклон.

– Ги повикувам и другите, да се охрабрат, да бидат дел од оваа обединетост, да сме заедно, додаде Танчорова.

Македонскиот народ секогаш на крај победува, рече таа.

 

 

 

31.03.2017 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега